Повик за Обука на Млади и Преставници од Граѓански Организации

Центарот на заедницата на општина Струмица објавува повик за учесници на
обука за млади и претставници од граѓански организации на тема „Буџетско
планирање и развој на проектна апликација“. Оваа обука е дел од
концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој Фондација Отворено
општество – Македонија (ФООМ) го спроведува во партнерство со Општина
Струмица.

Обуката ќе се спроведе во деновите 14.10.15 г. (среда) и 15.10.15 г.
(четврток) во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина
Струмица (Дом на АРМ Струмица).

 

Напишете коментар