Потпишан договор за парково уредување во општина Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков потпиша договор за јавна набавка на градежни работи за парково уредување во населените места: Ново Село, Сушица, Мокриево, Зубово, Борисово, Дражево и Смоларе во општина Ново Село. После спроведената јавна набавка како најповолен понудувач е избрана фирмата ДГТУ „ Пирамида “ ДООЕЛ Ново Село. Вредноста на овој договор е 11.215.900,00 денари.
Со оваа инвестиција ќе се уредат централните подрачја во овие населени места со што ќе се создаде пријатно место за одмор и престој како на жителите така и на туристите и ќе се придонесе кон подобрување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од овие населени места.
Средствата се обезбедени од АФПЗРР од Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој за 2015 година.

Напишете коментар