Поставени се канделабри во новото катче во големиот градски парк

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска почна со поставување на канделабрите во новото катче за прошетка и одмор во големиот градски парк, односно, пред Домот на АРМ. На овој простор ќе бидат поставени вкупно 10 нови канделабри кои целосно се изработени во Јавното претпријатие.
Во ова дополнително уредување во големиот градски парк опфатена е зелена површина од 11 илјади метри квадратни. Досега се поставени систем за наводнување, бекатон плочки, а ќе бидат поставени и клупи за седење.
Со овој зафат, општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ им овозможуваат на граѓаните поголема површина за шетање и повеќе места за седење во големиот градски парк.

Напишете коментар