Покана за трибина „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“

Здружението Лумен Струмица, Истражувачки центар за безбедност,одбрана и мир – Скопје ве покануваат да присуствувате на трибина под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“ која е дел од истоимениот проект кој е финансиран од Општина Струмица преку V2 програмата за социјална заштита за 2015 година.
На трибината ќе се зборува за безбедносната култура кај младите, предизвиците и ризиците. Ќе бидат презентирани резултатите од активностите како што се студиите и анкетите кои беа спроведени во тековната година Во исто време ќе биде промовирана публикација под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“ која содржи прирачник за безбедносна култура, истражувачки извештај и поимник за безбедносна култура.
Трибината ќе се одржи во сабота, 19 декември 2015, со почеток од 13:00 часот, во малата сала во Дом на АРМ Струмица.

Напишете коментар