Почна изведбата на комплетна комунална инфраструктура на улицата „Бетовенова

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во текот на минатата недела, почна со градежни активности за изведба на комплетна комунална инфраструктура на дел од улицата „Бетовенова“, односно, на потегот кон турските гробишта. Оваа делница е во должина од 350 метри на која ќе се изгради комплетна фекална и атмосферска канализација и водовод.
-Оваа активност ќе опфати изведба на околу 420 метри фекална канализација, 120 метри атмосферска канализација и 420 метри водовод со што ќе се покрие главната улица и приклучоците кон секундарните улички кои што излегуваат на оваа улица. За зафаќање на атмосферските води долж улицата ќе се изведат и каналски сливни решетки кои што ќе ги зафаќаат атмосферските води и ќе ги носат во новоизведениот Ободен канал кој што неодамна беше пуштен во функција. Вредноста на оваа инвестиција изнесува некаде околу 2.680.000 денари и таа е инвестиција на општина Струмица. По нашата активност која планираме да трае околу три недели, доколку не послужи времето, во февруари или март идната недела според планот на општина Струмица, ќе се изврши реконструкција на оваа улица, односно, истата ќе биде комплетно бетонирана, рече Андреј Тошев инженер во ЈПКД „Комуналец“.

Напишете коментар