Победа на Академија Пандев на контролниот натпревар против Неа Саламина

Новопечениот прволигаш Академија Пандев, оствари победа на третиот контролен натпревар, против екипата на Неа Саламина од Кипар.

Македонскиот прволигаш оствари победа од 2:1, во интересен натпревар, каде Пандевци полека ја темпираат формата за претстојните натпревари во ПМФЛ.

ФК Академија Пандев стартуваше со следниот состав: Вујанац, Марков, Чешмиџиев, Петриќ, Атанаскоски, Иванов, Атанасов, Стоилов, Пандев, Балдовалиев, Трапановски, а во игра уште влегоа и Михаилов, Темелков, Бери, Димов.

Се на се, добар натпревар за Академија Пандев, против квалитетен противник кој пред се е составен од повеќе странци.

Стрелци на головите за ФК Академија Пандев беа, Стоилов и Диме Димов.

Тренерот на Академија Пандев истакна дека е задоволен од прикажаното.

„Функциониравме компактно, одигравме добро. Иако има уште работа и простор да напредуваме, за овој период со тешки нозе, добро е што креираме шанси. Продолжуваме со анализи и напорна работа, и се надевам подготвени ќе влеземе во првенството, кое за многу од нашите играчи ќе биде за прв пат“, истакна тренерот Панче Стојанов.

Напишете коментар