По првото пријавување во јунскиот уписен рок запишани вкупно 628 ученици

По првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување на ученици во прва година во трите средни општински училишта во учебната 2019/2020 година, се запишале вкупно 628 ученици. Од нив, 222 во СОУ „Јане Сандански“, 154 во СОУУД „Димитар Влахов“ и 252 ученика во СОУ „Никола Карев“. Останати се 633 слободни места, а во нив не се внесени податоците за медицинска сестра, затоа што ќе има квалификационо тестирање.
Најмал интерес има во тригодишното образование во занимањата поледелец, монтер за сува градба и електричар-електромонтер, каде нема пријавено ниту еден ученик, а најголем интерес има во медицинската струка, каде бројот на пријавени е поголем од утврдената потреба.
Квалификационо тестирање за пријавените ученици кои имаат ист број на бодови за медицинска сестра во здравствената струка, ќе се организира во СОУУД „Димитар Влахов“ на 21 јуни 2019 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2019 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

Напишете коментар