По 23 пат Меѓународен Фестивал на Камерен Театар Ристо Шишков

По 23-ти пат ќе се одржи меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“
Од 8 до 12 септември во Струмица ќе се одржи 23-то издание на интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот посветен на актерот и актерската игра годинава ќе трае пет дена, а ќе учествуваат педесет актери во 13 претстави на театри од Србија, Русија, Ерменија, Албанија, Бугарија и Македонија од кои 12 во конкуренција и една која ќе се игра во чест на наградениот актер.
Според Ванчо Ристов Патриков, директор на фестивалот, првпат годинава овој фестивал е финансиски помогнат од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација) преку Советот на Европа за култура, а најголемиот дел од средствата за одржување на фестивалот ги обезбедува општина Струмица. За жал, иако станува збор за меѓународен и реномиран фестивал, поддршката од министерството за култура и годинава како и минатите години е минимална, но и без таа поддршка, фестивалот и годинава, како и секогаш, ќе има уште едно прекрасно издание.
Најдобриот актер кој ќе биде избран од стручното меѓународно жири и годинава ќе ја добие наградата која се состои од златен медалјон со ликот на актерот Ристо Шишков и парична награда во вредност од 1.500 евра.
11954739_864918006894964_2895919884193471592_n
Дополнителни информации за фестивалот можат да се добијат на официјалната веб страница www.fktristosiskov.mk

Напишете коментар