Педесет и третата седница на Советот на општина Ново Село

Денес на 31.08.2016 година, Советот на општина Ново Село ја одржа педесет и третата седница на чиј дневен ред беа осум точки:

1. Квартален извештај за извршување на Буџет на општина Ново Село за втор квартален период.
2. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Ново Село во проект за “Изработка на Урбанистички планови за села во Југоисточниот плански регион за општините Ново Село, Босилово, Гевгелија и Дојран”.
3. Предлог – Програма за изведување на ученички екскурзии за трето, шесто и девето одделение при ООУ “Мануш Турновски” – Ново Село за учебната 2016/2017 година.
4. Предлог – Програма за изведување на ученички екскурзии за трето, шесто, девето и од прво до девето одделение при ООУ “Видое Подгорец” – Колешино за учебната 2016/2017.
5. Предлог за добивање согласност за едносменско работење на ООУ “Видое Подгорец” – Колешино.
6. Усвојување на Извештај за работа на ЈОУДГ “Сонце” – Ново Село за 2015/2016.
7. Предлог за дополнување на предлогот за прифаќање на иницјативите доставени до општина Ново Село за изработка на Урбанистички планови и нивно вградување во програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Ново Село.
8. Разгледување на молби и барања.

Напишете коментар