„Паркиралишта Струмица“ воведува дневна паркинг карта за 14 и 15 август

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, а во рамките на десетдневната манифестација „Струмица опен фест“ овозможува одредени поволности во паркирањето на возилата на јавните паркиралишта, преку дневна паркинг карта во износ од 200 денари без временско ограничување и во било која зона.
Според, Трајче Тасев, раководител на паркинг и пајак службата, со ова, Јавното претпријатие и општина Струмица јавниот интерес и потребите на граѓаните ги ставаат на прво место.
-Заедно со организаторот на фестивалот дојдовме на идеја за воведување на одредени олеснувања за потребите на граѓаните кои ќе дојдат во нашиот град. Тоа олеснување е воведување дневна паркинг карта која важи целодневно без временско и зонско ограничување, а акцентот е ставен на два дена, односно, на 14 и 15 август. Ова олеснување го воведуваме за да можат граѓаните полесно да ги задоволат потребите од паркинг места, рече Тасев.

Напишете коментар