„Паркиралишта – Струмица“ со трета донација во градинката „Детска радост“

Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“, денеска, на последниот ден од одбележувањето на Детската недела, уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност донирајќи помош во градинката „Детска радост“ Клон 1. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, оваа донација е трета по ред, а ќе продолжи и во останатите клонови на градинката.
-Оваа донација која како Јавно претпријатие ја вршиме по трет пат и се состои во апарати од бела техника, односно, една машина за перење алишта и два телевизори за потребите на Клон 1, а согласно насоките дадени од менаџментот на градинката „Детска радост“. Како Јавно претпријатие и понатаму ќе продолжиме да вршиме донации се додека не ги поминеме сите клонови од детската градинка, односно, еден процент од шестмесечниот приход од зонското паркирање кое што граѓаните го плаќаат како јавна давачка во град Струмица, ние ќе одделуваме и ќе го донираме таму каде што е најпотребно, рече Узунова.
За оваа донација дечињата од градинката „Детска радост“ Клон 1 се заблагодарија со прекрасна приредба.

Напишете коментар