Пандевци ја совладаа Победа

Фудбалерите на Академија Пандев остварија важна победа во рамите на 6.коло откако како гости ја совладаа Победа со 4:2 и со тоа го запишаа петтиот триумф во лигата. „Пандевци“ поведоа со двата гола на Миловановиќ и Шиков, а прилепчани изедначија преку Ефремов и Мустафов. Сепак гостите повторно со два гола обезбедија победа, а стрелци беа Миловановиќ и Дориев од пенал.

Напишете коментар