„Палечка Малечка“интерактивната претстава на учениците од ООУ „Видое Подгорец“

Ученици од ООУ „Видое Подгорец“ учествуваа во интерактивната претстава „Палечка Малечка“
Невладината организација „Буден театар“ во рамките на проектот „Нов културен бран“ разбранува радост со претставата „Палечка Малечка“ која вчера се изведе во НУЦК „Антон Панов“. Во претставата учество зедоа учениците од трето-б оддeление при основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица, со одделенскиот наставник Соња Цицимова. Станува збор за интерактивна претстава во која децата се вклучени од почеток до крај преку изработка на кукли, движење, играње и пеење. Претставата овозможи вистинско театарско искуство, а децата уживаа во своите улоги.

Напишете коментар