Отворени денови со земјоделците од општина Василево

Вечерва, со почеток во 19,30 часот, во просториите на училиштето во с.Нова Маала, општина Василево во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и Министертството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира отворени денови со земјоделците од општина Василево.
Аплицирањето за субвенции за 2016 година и проблемите со исплатата на субвенции од претходните години ќе бидат главната тема на дискусија.
Се покануваат сите заинтересирани земјоделци да присуствуваат на вечерашните „Отворени денови“ каде во најнепосредна комуникација со претставниците од соодветните инстутуции, ќе побараат решенија за нивните проблеми.

Напишете коментар