ОТВОРЕНА ОБНОВЕНАТА ПОСТАВКА НА ЗАВОД И МУЗЕЈ, СТРУМИЦА

Денес во Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Струмица беа изложени повеќе од 1000 артефакти кои се дел од богатото културно-историско наследство на Струмица.
Обновената поставка на Завод и Музеј, Струмица, која преку мултимедијалниот пристап ја раскажува приказната за градот, е непроценливо културно и историско богатство на струмичкиот крај. Директорката на Н.У. Завод и Музеј, Струмица, Василка Георѓиева рече дека музеите се важни средства за размена на културите и збогатување на културните наследства.

На свеченото отворање на обновената поставка присуствуваше и Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Тој рече дека оваа поставка е со многу оригинални приказни од сите историски периоди на струмичкиот крај. Според него, културното наследство во Македонија, има потреба од промени.