Основното училиште од Дабиле донираше помош во Црвениот крст

Во основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од селото Дабиле, покрај образовно – воспитниот процес големо внимание се посветува и на хуманитарните акции. Според директорот Зоран Христовски, секоја година во училиштето се спроведува хуманитарна акција за собирање на облека и предмети во која учествуваат вработените и учениците и ги донираат на оние на кои им се најпотребни. Оваа година собраната помош беше донирана во општинската организација на Црвениот крст во Струмица.

Напишете коментар