Општинската администрација се обучуваше за учество во програмирањето на ИПА фондовите

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, вчера и денеска реализираа обуки наменети за зголемување на капацитетите на администрацијата на Општина Струмица за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање.
Обуките се дел од втората фаза на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“. На обуките им претходеше мапирање на тековните состојби и соработката меѓу општините и граѓанските организации во програмирањето и учеството во фондовите од ИПА (во општините Битола, Струмица, Тетово и Градот Скопје).
Сознанијата за степенот на искористеност на ИПА фондовите беа основа за креирање на обуки соодветни на потребите на локалната администрација и граѓанските активисти.
Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“ е поддржан од Министерството за финансии на Република Македонија – Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД), преку програмата ТАИБ 2013, а со средства од Европската Унија.

Напишете коментар