Општина Василево се подготвува за „Ден на празот“

На 06.11.2016 година, во организација на општина Василево ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот. Локалната самоуправа забрзано работи на реализирање на последните активности околу подготовката за успешна реализација на манифестацијата. Во недела, 06.11.2016 година Градошорци – најпразарското село во Македонија, по девети пат ќе им укажа гостопримство на сите пријатели, посетители, добронамерници и гости и ќе ги почести со најубавите специјалитети од праз. По тој повод општина Василево упатува отворена покана до сите граѓани, во недела да го посетат Градошорци и да бидат гости на манифестацијата „Ден на празот“.

Напишете коментар