Општина Василево продава две градежни парцели

Министерството за транспорт и врски објави оглас за одтуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Василево. Предмет на јавното наддавење е градежно неизградено земјиште предвидено до УПВНМ (Урбанистички план вон населено место) за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во м.в Гладно поле, КО Градошорци. Парцелите се наоѓаат на патот за с. Доброшинци, наспроти поранешниот мотел Карбино. Површина на едната парцела изнесува 10948 м2 а на другата 15833 м2.
Депозитот за учество во јавното наддавање на секоја парцела посебно изнесува по 150 000 денари.
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање во електронска форма на: www.gradezno-zemjiste.mk за секоја парцела посебно. Рокот за доставување на пријавите е до 08.01 2016 година.
Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 61 ден. за м2.
Јавното наддавање ќе се изврши електронски на следната интернет страна: www.gradezno-zemjiste.mk. За градежната парцела со површина од 10958 м2 , јавното наддавање ќе биде на 15.01.2016 година во 10.00 часот и истото ќе трае 15 минути, а за градежната парцела со површина од 15833 м2 јавното наддавање ќе се одржи на 15.01.2016 година во 10,30 часот и истото ќе трае 15 минути.
Заинтересираните правни и физички лица повеќе информации може да добијат директно во општина Василево и на телефонскиот број 034 354 444.

Напишете коментар