Општина Василево ќе посредува во вработување на своите сограѓани

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов денес во кабинетот оствари средба со претставници од компанијата „Џонсон контролс“  кои бараат работници за фабриката во Струмица.

Како што информираше градоначалникот Стојанов, улогата на општината ќе биде еден вид посредување, односно проширување на информацијата за потреба од работници на оваа компанија низ населените места на општината како и давање на сите потребни информации на заинтересираните баратели за работа во таа компанија. Целта на средбата, како што нагласи Стојанов е, да им се помогне на граѓаните кои бараат работа,  да дојдат до вработување.

Заинтересираните лица незвисно од квалификациите, образованието, полот или возраста можат да се јават во општината  заради дополнителни информации.

На денешната средба во кабинетот на градоначалникот Стојанов учествуваа и градоначалниците на општините Босилово и Ново Село, г-дин Љупчо Колев и г-дин Блажо Велков, како и директорката на Агенцијата за вработување – центар за вработување –  Струмица, г-ѓа Павлина Ѓеоргиева.

Напишете коментар