Општина Василево и „Жикол“ потпишаа договор за четири проекти

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и градежната компанија „Жикол“ потпишаа договор за реализација на градежни активности во износ од околу 2 200 000 денари. Договорот опфаќа асфалтирање на една улица во населеното место Ангелци чија должина изнесува 240 метри, асфалтрање на две улици во населеното место Висока Маала со должина од 170 и 85 метри, како и порамнување на 450 м2 јавна површина во Висока Маала каде со средства од Агенцијата за млади и спорт ќе биде изградено Street basket односно игралише за улича кошарка. Според информацијата од претставникот на Жикол, градежните активности на терен ќе започнат во текот на наредната недела.

„Средствата за реализација на овие четири активности изнесуваат околу 2 200 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево“, информираше градоначалникот Стојанов, кој очекува работите на терен да се одвиваат согласно денес потпишаниот договор, и истите комплетно да бидат завршени во текот на оваа градежна сезона.

„Вложувањата во патната инфраструктура и оваа како и во изминатите години се на агендата на општина Василево“, нагласи градоначалникот Стојанов, потсетувајќи дека во периодот 2013 – 2017 година асфалтирани или реконструирани се повеќе улици во населените места Сушево, Радичево, Нова Маала, Градашорци, Пиперево, Добрашинци, Дукатино, Седларци, Василево, Владевци и Ангелци, во вкупна должина од околу 6 200 метри, и буџет од околу 800 000 евра обезбедени од повеќе извори.

Напишете коментар