Општина Василево го потпиша договорот за Регулација на Сушевски порој

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот од градежната компанија Универзал градба, денес, го потпишаа договорот за изградба односно регулација на Сушевскиот порој.
„ Денес потпишавме договор за реализација на еден од двата проекти кој треба да биде реализиран во текот на 2016 година во населено место Сушево, каде како последица од невремето во 2013 година поројот беше доста оштетен. Наше ветување пред граѓаните на ова населено место беше дека ќе извршиме комплетна регулација на ова речно корито. И еве дојде денот кога го потпишавме договорот“, изјави градоначалникот на општина Василево по потпишувањето на Договорот за Регулација на сушевскиот порој.
Според Договорот должината на речното корито односно пројот кој ќе се регулира изнесува околу 1 200 метри, истото ќе биде поплочено со камен а вкупно 11 каскади ќе го регулираат течението на водата.
Според информацијата од градоначалникот Стојанов, активностите на терен треба да започнат наредната недела, а нивното финализирање согласно договорот би било наредната 2016 година.
Буџетот за реализација на овој проект изнесува околу 21 000 000 денари, и истите се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 год.

Напишете коментар