Општина Василево асфалтираше улица во индустриската зона

„Со асфалтирањето на улицата во индустриската зона го докажуваме нашиот континуитет и заложбите за инвестиции во индустриската зона односно за целата патна и комунална инфраструктура во индустриската зона со што на сите оние кои дошле во индустриската зона Василево, купиле своја градежна парцела и изградиле, да им овозможиме што посоодветни услови“ – изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој лично присуствуваше на асфалтирањето во индустриската зона.
Конкретно асфалтирани се вкупно околу 550 метри и тоа дел од улица 4 и улица 10 чија ширина е 6 метри, а улиците се со атмосферска канализација.
Вкупната инвестиција е околу 3 милиони денари а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.
„Општина Василево нема да застане овде, ќе продолжи континуирано да работи на подобрување на условите за живеење, работење и инвестирање на територијата на општина Василево, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, притоа во тој контекст додавајќи дека набргу, за отприлика еден месец ќе се започне со градежни активности за уредување на речното корито на реката во Сушево.

Напишете коментар