Општина Струмица во завршната фаза од Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците

Во рамките на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците, во првата половина од 2015 година, во општина Струмица, како пилот општина, неколку училишта беа опфатени со активности за професионален и кариерен развој на наставниците. Наставниците подготвуваа личен план за професионален развој и електронско портфолио и преку одговарање на прашалник и учество во фокус групи дадоа придонес за подобрување на процедурите и инструментите.
По завршувањето на оваа фаза од проектот, деновиве на сите училишта им беа доделени благодарници, а на наставниците потврди за учество во активното вклучување во проектните активности. На овој настан на присутните им беа презентирани основните сознанија од процесот на пилотирањето на професионалниот и кариерниот развој на наставниците.

Напишете коментар