Општина Струмица утре ќе ја одбележи независноста на Македонија

Општина Струмица утре ќе ја одбележи независноста на Македонија
Општина Струмица утре ќе го одбележи 8 септември Денот на независноста на Република Македонија. По тој повод пред споменикот на Гоце Делчев ќе биде положено свежо цвеќе, а ќе се одржи и пригоден говор за историографијата на празникот. Во чест на независноста на Република Македонија, членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ ќе одржат мал митинг на револуционерна поезија.
Традиционално, на овој ден започнува и меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Свеченото отворање на 23-то издание е во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“.

Напишете коментар