Општина Струмица уште еднаш ја потврди грижата кон децата со попречености во образовниот процес

Општина Струмица успеа да го продолжи проектот „Лични асистенти на деца со попречености вклучени во редовниот образовен процес“ до крајот на учебната 2016/2017 година. Проектот требаше да заврши на први април 2017 година, но поради неговите позитивни резултати, големата потреба и упорноста на учениците кои имаа лични асистенти, општина Струмица бараше начин истиот да продолжи и успеа во тоа. Благодарение на УНДП и Харалд Фуггер (Аташе за Република Македонија од Министерството за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите) обезбедена е финансиска поддршка за продолжување на проектот.
Во рамките на Програмата – Општинско корисна работа која е финансиски поддржана од страна на УНДП, општина Струмица во 2016 година аплицираше со проектот “Лични асистенти на деца со попречености вклучени во редовниот образовен процес”.
По извршената селекција на Работното тело на Општинско корисна работа, проектот на општина Струмица беше прифатен со ангажирање на 6 лица (лични асистенти) кои се ангажирани во две основни училишта и едно средно училиште во општина Струмица.
Лицата ангажирани преку оваа програма, обезбедија услуги за потребите на учениците со попреченост вклучени во редовен наставен процес, истовремено стекнувајќи работно искуство и професионални вештини кои во иднина ќе ја зголемат нивната вработливост. Преку проектот подобрен е образовниот процес за учениците со попречености, како и подобрени се условите за подобро и целисходно следење на наставата во училиштата за децата со попреченост.

Напишете коментар