Општина Струмица пред 27 мин. · Делегација од Електростаљ во посета на општина Струмица

Делегација од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација е во посета на општина Струмица. На средбата со градоначалникот Коста Јаневски, членовите на делегацијата разговараа за досегашната и идната соработка. Оваа посета е по повод концертот насловен „Уметноста во име на победата“ кој што ќе се одржи во центарот за култура „Антон Панов“ вечерва со почеток во 19,30 часот, а во рамките на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.

Напишете коментар