Општина Струмица организира крводарителска акција по повод новогодишно – божиќните празници

Општина Струмица во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина ја организира традиционалната крводарителска акција, а по повод новогодишно – божиќните празници. Оваа 22-ра крводарителска акција ќе се спроведе утре (11.01.2017 година) во периодот од 8 до 14 часот во просториите на Заводот за трансфузиона медицина.
Покрај вработените во општинската администрација, во акцијата можат да се вклучат и граѓаните кои сакаат да даруваат од својата драгоцена течност за да спасат нечиј човечки живот.

Напишете коментар