Општина Струмица и „Комуналец“ ќе спроведат ЕКО акција по повод новогодишните празници

Ветивме дека чистата животна средина ќе биде мој и приоритет на општина Струмица. Така и ќе работиме. Иако, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ секојдневно ја одржува јавната чистота во градот, сакам да најавам дека ќе спроведеме поширока акција во пресрет на новогодишно – божиќните празници. Тоа значи дека во неа ќе бидат вклучени повеќе институции, градежни фирми и секако граѓаните. А понатаму планираме годишно да спроведуваме по четири вакви големи акции. Сегашната ЕКО акцијата ќе започне на 6 декември (среда) и ќе трае до 24 декември. Целта ние машински и рачно да ја исчистиме секоја јавна површина во градот, секое маало, улица, тротоар, да ја отстраниме секоја дива депонија. Со оваа акција овозможуваме и граѓаните да си ги исчистат домовите и дворовите од непотребниот отпад“, рече градоначалникот Коста Јаневски во денешната најава за спроведување на ЕКО акцијата.

За динамиката на спроведувањето на акцијата зборуваше директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.

„Во секој од трите реони два дена во неделата ќе се врши генерално рачно и машинско чистење на улиците. На 6 и на 10 декември од 7 до 16 часот ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица–населено место Баница. На 13 и 17 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток. На 20 и 24 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок. Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии како што се на улица „Климент Охридски“,на излезот од Струмица кон комплексот Македонска Куќа, на патниот правец Струмица – Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“, рече Горгиев.

Напишете коментар