Општина Струмица го уредува просторот кај Габровските водопади

Општина Струмица почна со реализација на проектот за уредување на туристичкиот локалитет Габровски водопади. Уредувањето чини околу два милиони денари, а целта е да се зголеми посетеноста на домашните и странските туристи и да се подобрат условите за развој на селскиот туризам.

-Во уредувањето на локалитетот спаѓа проширување на паркинг простор, поставување на уште еден Летниковец, уредување на пристапот до самиот водопад, поставување на бина за оддржување на културно забавни манифестации, поставување на канти за отпад, клупи, ќе има и хортокултурно уредување, целиот дел пред водопадот ќе биде поплочен со камен, а ќе се изврши и реновирање на веќе постоечките елементи.

 

Напишете коментар