Општина Струмица е Tранспарентна и Oтчетна Oпштина

Истражувањето што го спроведуваше здружението „НОВУС“покажа дека општина Струмица е отчетна и транспарентна општина. Испитувањето се вршеше на претходно утврден репрезентативен примерок за популацијата на општина Струмица кој изнесува 253 испитаници во сооднос 60% град и 40% рурални области. Воедно, беше запазена и родовата еднаквост која изнесуваше 50% машки и 50% женски испитаници. Дистрибуцијата на анкетните прашалници беше електронска (е-анкета) изработена преку google forms платформата и лична дистрибуција на рака, во тврда копија. Анкетирањето на граѓаните траеше од 8 мај  до 15 јуни 2015 година.

На прашањето „Дали сметате дека општина Струмица е отчетна и транспарентна општина?“, речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека општина Струмица е отчетна и транспарентна општина, 27% сметаат дека е делумно транспарентна и отчетна, а 14% сметаат дека не е отчетна и транспарентна. Десет проценти од испитаниците немаат став по ова прашање.

Во однос на прашањето „Дали сметате дека граѓаните се информирани за работата на општина Струмица?“, високи 58% од испитаниците сметаат дека се информирани за работата на општина Струмица, 23% сметаат дека се делумно информирани, а само 10% од испитаниците сметаат дека граѓаните не се информирани за работата на општината. Девет проценти немаат став по ова прашање.

Покрај анкетата, беа направени и интервјуа со уредници на медиуми и сопственици на портали, како и со претставници од општинската администрација. Сите резултати од истражувањето ќе биде вметнати во студијата која ќе биде достапна на веб страната на здружениетo.
Fotka (proekt) 2Fotka (proekt) 211647385_10153413652204581_2057361701_n

Напишете коментар