Општина Струмица Активно Учествува во Меѓуетничката Интеграција

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, што се реализира во партнерска соработка меѓу Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и Детската фондација Песталоци, по одржаната работилница наменета за претставување на измените и дополнувањата во Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата во однос на меѓуетничката интеграција во образованието, во двете партнерски училишта „Маршал Тито“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино се изврши дисеминација за важноста на индикаторите за квалитетот на работата на училиштата, особено од аспект на самоевалуацијата која училиштата се должни да ја спроведуваат во рамките на нивната воспитно-образовна дејност и претставува една од основите за изработка на годишните програми на училиштата. Во овој процес, кој веќе добива законска рамка, наставниците и стручните соработници ги споделуваат знаењата и искуствата добиени на семинарите и обуките од оваа област и подетално ги разработуваат показателите за меѓуетничка интеграција, како насоки за секојдневни планирани наставни и воннаставни активности. Општина Струмица активно учествува во сите видови на планирање и реализација на активности од меѓуетничката интеграција, во заедничка соработка со училиштата и други заинтересирани страни.

Напишете коментар