ООУ”Гоце Делчев” Василево го одбележа својот патрон празник

ООУ “Гоце Делчев” Василево го одбележа својот патрон празник

Со полагање свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа својот патрон празник и 116-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, чие име го носи ова училиште.
Пред споменикот на Делчев беше прочитана творба за неговите дела по што делегации од училиштето и локалната самоуправа се поклонија пред бистата и положија свежо цвеќе.

Напишете коментар