ООУ„Гоце Делчев“ – Василево, го одбележа Светскиот ден на поезијата

По повод Светскиот ден на поезијата, ученици – претставници од ООУ „Гоце Делчев“ Василево го посетија градоначалникот на општина Василево и му подарија честитка со една од личните творби, напишани токму по повод денешниот ден.
Конкурсот на кој можеше да учествуваат сите заинтересирани ученици од ова училиште траел една недела, темата била слободна а заинтересираноста, како што информираа учениците кои го посетија градоначалникот, доста голема. Според информацијата од директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, во просториите на училиштето, учениците заедно со своите родители и наставници одржаа креативна работилница на која заедно изработија честитки и постери кои ќе ги красат нивните училиници.
Светскиот ден на поезијата, училиштето „Гоце Делчев“ го одбележува втора година и според Котева интенција е ова да продолжи и во иднина, бидејќи доаѓа до израз не само креативноста на учениците туку тие имаат можност да проговорат за сите оние теми кои се нивна преокупација и се дел од нивното детско и младешко секојдневие.

Напишете коментар