ООУ„Атанас Нивичански“ го одбележа патрониот празник

Со свечена програма, со многу музички точки, корфеографии и рецитали, ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала го одбележа својот патрон празник.

Срдечно и топло добредојде на како што рече овој посебен ден за нивното училиште на гостите им посака директорката на училиштето г-ѓа Соња Ничева. Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина ВАсилево, г-дин Ванчо Стојанов: „Денес сме овде да го чествуваме името на патронот, на војводата од овој крај Атанас Нивичански, на чии дела особено се горди жителите од овој крај, а сите ние и Вие вработените и учениците во ова училиште преку своите активности и успеси ќе го зачувате споменот за него. Посакувам сите заедно да се радуваме на успесите на ова училиште и да се гордееме со Вашите резултати не само сега и овде туку и во иднина. Драги ученици, она што ќе го понесете од овде нека биде оној цврст темел на кој Вашите желби ќе прераснуваат во реалност. Да бидеме сите здрави и живи и уште многу години да го одбележуваме овој ден и да ги славиме вашите резултати и успеси“ рече градоначалникот Стојанов.

Свеченоста заврши со доделување на дипломи, признанија и благодарници на најдобрите ученици кои со постигнатите резултати на општинските и регионалните натпревари го афирмирале училиштето како и благодарници за организациите и институциите со кои ова училиште има успешна соработка.

Напишете коментар