Одржана 39-та седница на Советот на општина Василево

На денешната редовна 39-та седница на Советот на општина Василево, усвоени беа сите предлози од дневниот ред.

Кварталните извештаи за извршување на Буџетот (К-1), за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и за промените на состојбата на задолжувањето (К-3), сите за првиот квартал од годината односно за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година, без образложенија, дискусии и забелешки беа усвоени со 8 гласови „за“ и 2 „воздржани“.

Што се однесува до останатите предлози од дневниот ред советниците беа едногласни, па така со мнозинство од сите гласови, по образложението дадено од државниот службеник Бранко Андонов, беа донесени Предлог-Одлуката за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на К.П бр. 2394 во КО Доброшинци и Предлог-Одлуката за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – помошен објект на К.П бр. 1153 во КО Градошорци вон гр.

Едногласно беше прифатен и предлогот за одобрување 10 000 денари на Џамискиот одбор од с. Градошорци како и предлог-одлуката за учество на општина Василево во проектот Small Grants Committee, поднесена од градинката Прва радост во Василево во соработка со Мировниот корпус.

Напишете коментар