Одржан Првиот Официјален Маскенбал во с.Штука

Денес во населеното место Штука по повод православниот празник “Василица” за прв пат се одржа официјален и организиран маскенбал. Учесниците беа поделени во неколку категории врз основа на што се изврши нивно рангирање и прогласување на најдобрите маски. На маскенбалот присуствуваше и градоначалникот на општина Босилово кој и го помогна неговото одржување. Општина Босилово планира во наредните години овој маскенбал да стане традиционален со зголемен број на учесници и зголемен фонд на награди.

Напишете коментар