Одржан новогодишно-божиќниот концерт во село Иловица

Втора година по ред се одржа новогодишно-божиќниот концерт во село Иловица, организиран од КУД „Кирил и Методиј“. Овој настан беше збогатен со повеќе кореографии како: Комитска легенда, Шопска петорка, Водарки и др. Настанот го збогатија и гостите од фолклорниот ансамбл „Китка“ од с. Ораовица – Радовиш и културно-уметничкото друштво „Кавалџии“ од село Штука.

Напишете коментар