Одбележан 9 Декември-Денот на Полициската Превенција

Денеска со низа активности беше одбележан денот на полициската превенција.

Припадници на секторот за внатрешни работи ја посетија детската градинка Детска Радост Клон 3, каде дечињата им подготвија богата програма и им подарија цртежи на припадниците од секторот за внатрешни работи.Ова не е прва соработка помеѓу СВР Струмица и Детска Радост, тие се надеваат и дека во иднина ќе продолжи оваа соработка, се со цел запознавање на најмалите дечиња со превентивните мерки кои ги спроведува СВР Струмица за побезбеден живот како на дечињата така и на сите граѓани на општина Струмица.

Потоа во ценралното градско подрачје беа делени флаери на возачите од страна на млади дечиња кои доста професионално си ја завршија работта и беа среќни што се дел од овој проект на секторот за внатрени работи на Струмица.

Напишете коментар