Обука за ненасилна комуникација и медијација – тренинг за млади

Центарот на заедницата на општина Струмица објавува повик за учесници на обука на тема „Ненасилна комуникација и медијација“ – тренинг за млади. Обуката ќе се одржи на 30 март (четврток) 2017 г. во периодот од 9.30-17.30 ч. во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица, Дом на АРМ – Струмица, ул. „Благој Мучето“ бр. 37 – Струмица.

Тренингот за ненасилна комуникација и медијација има за цел да им помогне на младите полесно да ги анализираат конфликтите со кои се соочуваат секојдневно и да стекнат комуникациски вештини потребни за да пристапат кон нивно разрешување. Учесниците ќе се запознаат со типовите на конфликти и типовите на учесници во конфликти, како да станат активни слушатели и како да го трансформираат својот начин на комуникација за без страв да адресираат конфликти, во улога на учесници и медијатори (посредници). Тренингот ќе се одвива интерактивно со симулации на конфликтни случаи.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до петок, 24 март 2017 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: [email protected]. Пријавата може да се преземе тука: Пријава за обука – медијација

Максималниот број на учесници е 20. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик. Предност при пријавувањето ќе имаат млади до 29 години.

За дополнителни информации и/или прашања, обратете се на е-mail: [email protected]. или на тел. 034/334-117.

Настанот ќе се одржи со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

Во прилог е агендата за обуката. АГЕНДА – ОБУКА – Ненасилна комуникација и медијација.docx

Напишете коментар