Објава за доделување на компостери и одржување на инфо денови

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” ќе започне со доделување на 400 компостери во 10те општини од Југоисточниот регион на Република Македонија во коj спаѓаат општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.
За време на доделувањето на компостерите ќе се одржат инфо денови на кои е предвидено граѓаните да се запознаат со начинот на употреба на компостерите, состојките кои се користат за создавање на компост, одржувањето на компостерите итн.
На инфо деновите поканети се лицата кои се здобиле со компостер како и лица кои се заинтересирани за компостирање, а ќе бидат водени од експерти кои ќе ги запознаат граѓаните со процесот на компостирање, сѐ што е поврзано со компостирањето и ќе стојат на располагање за било каква дополнителна информација.
Инфо деновите како и доделувањето на компостери ќе се одржуваат во секоја општина поединечно.
За дополнителни информации контактирајте го следното лице:
Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Тел: 071 251 205
Е-mail: [email protected]

Напишете коментар