о.Василево-Потпишани договори за два капитални проекти

Изградба на мост на Сушевски порој и изградба на пешачка патека во с. Владиевци се двата нови проекти со вкупна вредност од околу 3,3 милиони денари, за чија реализација денес општина Василево ги потпиша договорите со фирмите изведувачи.

„Денес во просториите на општина Василево беа потпишани два договори за реализација на уште два капитални објекти во нашата општина. Едниот е за изградба на мост на поројот во с. Сушево и е потпишан со компанијата „Жикол“, а другиот е потпишан со Евроградба од Владиевци и е за изградба на пешачка патека во населеното место Владиевци, покрај магистралниот пат, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по потпишувањето на договорите.

Изградбата на мостот на поројот, ќе ја подобри комуникацијата меѓу двата дела на селото односно на жителите од Сушево ќе им се олесни пристапот кон едната и другата страна на населеното место. Градоначалникот Стојанов потенцираше дека изградбата на поројот е во завршна фаза па со изградбата на мостот и патот покрај поројот, целокупните планирани градежни активности во Сушево ќе бидат заокружени со што жителите на Сушево ќе добијат многу поквалитетни и пред се безбедни услови за секојдневно живеење. Вкупниот Буџет за изградбата на мостот е околу 1 300 000 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој.

Патеката во населеното место Владиевци ќе се протега покрај магистраниот пат во должина од 320 метри и ширина од 2,3 метри. Истата ќе биде осветлена со што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во текот на целото деноноќие. Средствата за реализација на оваа активност се во висина од околу 2 000 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Градежните активности на овие два проекти комплетно треба да бидат завршени за три до четири месеци.
DSC_0822-1024x681

DSC_0828-1024x681

Напишете коментар