o.Василево-Општинскиот Совет ја одржа 57-та седница

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 57-ма седница на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно четири предлози и истите без дискусии и расправа беа усвоени.

Едногласно беше усвоена предлог – одлуката за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2017 година со обезбедени еднакви услови на сите организатори на изборната кампања во општина Василево. Едногласни беа и во усвојувањето на предлогот за именување на Наташа Велкова за член на УО на ЈПКД „Прва радост“, Василево која доаѓа на местото на Лела Митев, и за предлогот за одобрување финансиски средства во износ од 10 000 денари на ЛД „Фазан“ од Василево за организирање на Меѓународниот турнир во стрелање глинени мети, што ова ловно друштво го организира по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Р.Македонија.

На оваа седница беше усвоен и Предлог- годишниот извештај за работата на ЈОУДГ„Прва радост“ Василево за 2016/2017 година.

Напишете коментар