о.Василево-Општината изготвува урбанистички планови за повеќе населени места

Изготвувањето на урбанистичка планска документација за повеќе населени места во општина Василево е една од активности кои деновиве добива на интензитет. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, г-дин ВАнчо Стојанов, во завршна фаза е изработката на урбанистичкиот план за населеното места Пиперево и истиот опфаќа површина од околу 90 ха. Со оваа планска документација досегашниот опфат е проширен и истиот освен дел за домување опфаќа и површини со намена за лесна индустрија и занаетчиство.

Со урбанистичкиот план за населеното место Василево планирано е проширување на постојниот опфат и тоа во делот домување а дополнително се работи и урбанистички план за проектот „Купи куќа за млади“, за кој како што нагласи градоначалникот Стојанов, општина Василево е во најнапредна фаза, па заинтересираните уште во почетокот на наредната година ќе може да аплицираат за парцели за изградба на свои домови.

Истовремено, преку Југоисточниот плански регион се работат урбанистички планови за населените места Владевци, Ангелци и Градошорци. Заедничко за сите нив е што во сите населени места ќе биде проширен постојниот опфат. „Во населеното место Градошорци опфатот ќе биде проширен за 40 ха, од кои 4 ха или 80 градежни парцели со намена домување и 4 ха со намена спортски комплекс“ – прецизираше градоначалникот Стојанов. Урбанистичкиот план за населеното место Градошорци планирано е да биде готов за 6-7 месеци, додека за населените места Владевци и Ангелци за отприлика 1 година.

„Изготвувањето на овие урбанистички планови како и сите други активности што ги презема општината се во насока на осовременување на секојдневието на граѓаните на нашата општина, – е ставот на градоначалникот Стојанов.
dsc_07201-1024x681

dsc_07241-1024x681

Напишете коментар