о.Василево ќе соработува со општини од ЕУ, за користење на средства од ЕУ фондовите

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на ЕУ откако првиот човек на општината Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со италијанската Короне Аусоние, бугарската Струмјани и општината Нехсар од Малта. Првите луге на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините,, организиран од претседателот на европскиот парламент Антонио Тајани кој подвлече дека руралните општини мора да бидат подржани со цел да им се помогне на граѓаните

,, Општините не може да се справат со промените па затуа тука е ЕУ да им помогне а преку нив и на самите граѓани. Овие четири општини ќе бидат приоритет да им се помогне од фондовите кои ќе бидат отворени од ЕУ. Руралните општини немаат доволно ниту пероснален ниту финансиски капацитет да се справат со сите проблеми па затоа ЕУ мора да води сметка тоа да се поправи во функција на стопирање на миграцијата која во моментов е најголем проблем на Европа,, истакнал Тајани

На Форумот било констатирано дека ваквиот пример на здружеување ќе биде пример и за други општини и на тој начин ќе се воспостават добри релации не само меѓу локалните самоуправи туку и на самите држави за да се потикне глобалниот економски развој

,,Општините се најблиска алка со граѓаните и само преку локалните самоуправи може да им се помогне. Тие се само еден мал прозор на отвореност кон ЕУ и со ваквото збратимување и соработка полесно може да се користат средствата на ЕУ фондовите за да се помогне и се виде рамноправноста,, истакнал Ванчо Стојанов на форумот,, Европа за општините,, кој имаше средба и со македoнскиот амбасадор во Италија Оливер Шамбевски

Напишете коментар