о. Струмица најави нови инфраструктурни проекти за населените места

Општина Струмица и оваа година ќе го подобрува животот на граѓаните во населените места со реализација на нови инфраструктурни проекти. Преку апликации во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства од програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2018 година во вкупен износ од 31 милион денари за реализација на проекти во областа на инфраструктурата. Според информацијата од Панче Беџовски координатор на проектите, во текот на 2019 година ќе биде започнато со реализација на следните проекти: во населеното место Вељуса ќе се гради канализационен систем за што се обезбедени 20 милиони денари, 15 милиони денари се обезбедени за улица со шеталиште во населеното место Градско Балдовци и 8 милиони денари за реконструкција на патеката до Габровски Водопади.