о. Ново Село-Градежни работи во Општинските Основни Училишта

Во рамките на програмата за подобрување на условите за изведување и реализирање на наставата во училиштата на територијата на Општина Ново Село , Општината заедно со ООУ “Мануш Турновски” и ООУ“Видое Подгорец” реализираа голем број на активности:

– Изградба на пристапна патека во училишниот двор во ПОУ “Видое Подгорец” Мокриево.
– Изградба на ограден ѕид на училишниот двор во ООУ “Видое Подгорец” Колешино
– Комплетно е реновирана училишната зграда во ПОУ “Мануш Турновски” Сушица.
– Санација на училишната фискултурна сала – зафат кој штити од атмосферските води во ООУ “Мануш Турновски” Ново Село.

Со реализирање на овие активности се зголемува безбедноста на нашите ученици, како и квалитетот на самиот наставен процес.

Напишете коментар