о. Босилово- Трибина „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“

Денес во просториите на Информативно-едукативниот центар во с.Босилово, претставници на Министерството за труд и социјална политика на РМ одржаа трибина со наслов „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“.
Целта на трибината беше запознавање на граѓаните со идејата за анимирање на семејства или целни групи кои би биле заинтерисирани да преминат во згрижувачки семејства за прифаќање, чување, воспитување и одгледување на малолетни деца останати без родители или родителска грижа.
Исто така беше промовирана законската регулатива за бенефициите кои би можеле да ги остварат идните згрижувачки семејства, улогата,задачите и обврските како згрижувачи.

Напишете коментар