о.Босилово- Приредба по повод 11-ти Октомври

По повод денешниот празник 11ти Октомври ден на народното востание на македонскиот народ во Босилово се одржа приредба со која се оддаде почит на паднатите борци и бранители за слободна Македонија.
На оваа приредба беа присутни претставници од Сојузот на борци, градоначалникот на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, советот на општина Босилово, претставници на основните училишта и политичките партии. Исто така присуствуваа и членови од фамилиите на паднатите борци за Македонија.
Свое учество имаа и учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Босилово и КУД „Гоце Делчев“ Босилово. Градоначалникот и советот на општина Босилово положија цвеке на споменикот за паднатите борци како и претставници од Сојузот на борците, фамилиите на паднатите борци, основните општински училишта, ЈПКД „Огражден“ и политичките партии.

Напишете коментар