о.Босилово го одбележи своето 22 годишно постоење

Општина Босилово вчера го одбележа своето 22 годишно непреќинато постоење во присуство на граѓани, советници и гости.
Пред присутните се обрати градоначалникот на општината Зоран Зимбаков кој истакна-
10 април е голем ден за нас и нашата општина. Пред 22 години кога е донесен новиот закон за локална самоуправа во 1996 година до ден денес нашата општина успешно опстојува на цврсти нозе иако не секогаш изворите за финансирање не биле така добри.
Затекнав задолжена општина, мноштво стари долгови со високи камати. Не сакам да се правдам со тоа, граѓаните не сакат да го слуша тоа, тие сакат конкретни резултати и издржани проекти, бидејки без тоа нема развој.
Почитувани.
Од мое име од името на вработените и Советот на општина Босилово сакам да ви го честитам денешното десегодишно опстојување на нашата општина Босилово.

Напишете коментар